(ВИДЕО) Арсовски: Вице Заев давал наредби за палење коли

Од:

Со Република Македонија владее мафија, а вчерашните аудиосники го потврдуваат тоа, рече портпаролот на ВМРО – Димче Арсовски. Тој вели дека она што ВМРО – ДПМНЕ го говори неколку години наназад откако СДСМ и Зоран Заев и, како што вели кланот Заеви се на власт, сега овој период веќе се потврдува.

„ Вчера бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев кој беше премиер на државата и претседател во моментов на СДСМ, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ“, рече портпаролот Арсовски.

Тој уште еднаш пушти делови од вчерашните аудиоснимки, а по преслушувањето рече дека материјалот покажува како функционира власта на Заеви, со уценување, рекетирање, но и со сеење на страв на политичките противници кои не мислат како Зоран Заев и СДСМ.

„ Тоа што Заеви комуницираат со подземјето и не е некоја новост, но новост е дека тие директно  издавале наредби, според она што можевме да го чуеме. Дополнително од овој материјал доколку се слушне целиот, дознавме дека кланот Заеви освен што давал зелено светло за палење автомобили, давал и црвен картон, односно блокирал други бизниси кои им биле конкуренција на нивните“, рече Арсовски.

Тој смета дека снимката е доволен доказ да се разбуди Обвинителството со Вилма Русковска.

„Ако и ова не е доволен доказ за Вилма Русковска односно Русковска обвинителството да се разбуди конечно, тогаш не знаеме што уште треба јавноста да чуе, за Зоран Заев, Вице Заев и другите членови на оваа политичко мафијашка структура да бидат повикани и нивните активности да бидат истражени од страна на Јавното обвинителство. Но најверојатно Русковска наместо да се бори со криминалот, зафатена е со гледање на рекламите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката кампања“, рече Арсовски.

Тој потсети дека Бојан Јовановски кажа дека парите од случајот „Рекет“ завршувале директно кај Зоран и Вице Заеви.

Изминативе 3 години, Арсовски вели дека се запалени над 50-тина автомобили во државава.

„Да потсетиме дека беше запалена семејната куќа на потпретседателот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во моментот во ИЕ 2 Мисајловски, беше фрлена бомба во семејниот дуќан исто така на Мисајловски, беа демолирани автомобили на видни членови на партијата, што веќе е очигледно и јасно кој ги издал сите овие наредби. Дали е тоа Вице Заев, лично и персонално, братот на Зоран Заев? После 15-ти јули институциите ќе го докажат кој е нарачателот“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илиевски: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

И СДСМ почна да бега од ДУИ, велат од коалцијата ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Костова: СДСМ цврсто против зголемување на старосната граница за пензионирање

Горан Наумовски

ДУИ: За да ги прикрие неуспесите на неговата партија, Филипче користи анти-ДУИ наратив

СДСМ: Шокантно е што Митева и Владата сметаат дека безбедноста и мирот во државата не заслужуваат лидерска средба