(ВИДЕО) Арсовски: Стејт Департментот на САД нотира корупција и криминал на високи владини функционери

Од:

„СДСМ имаат сериозен проблем со реалноста и без срам ја лажат јавноста. Криминалот и корупцијата во Македонија се на прво место и нивните креатори имаат име и презиме,Зоран Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и цела криминална заевска булумента од Влада и правосудство. Дека ова е вака, нотирано е и во извештајот на Стејт Департментот на САД во кој се образложува и нотира за високо ниво на корупција и вмешаност на владини функционери“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија стана синоним за корупција и криминал. Законите за борба против корупцијата повремено слабо се применуваат и со нив селективно се гонат критичари на власта и ситни прекршители. Има сериозни обвинувања за корупција во полицијата, судството и во многу други сектори.

Многу компании кои работат во Македонија, вклучително и американски компании, ја посочуваат корупцијата како проблем во доделувањето на јавни тендери и во правосудството, читат кој го пишува во извештајот на Стеј Департментот.

Сите знаеме дека наместо вистинските криминалци се гонат новинари кои што се критички настроени кон власта, и сите знаеме за тендерите на Рашковски кој му беше најдобар другар и прв соработник на Зоран Заев каде што собрал милионски суми и ги наместил тендерите, вклучително и софтверот за академијата за судии и јавни обвинители каде што тој самиот можел да поставува кого сака.

Тендерите на фамилијата на власт се насекаде. Доволен пример и показател е РЕК Битола кој што е класичен пример за испумпување пари преку тендери од страна на фамилијата на власт.

Знаете дека и за тоа има пријавен случај за рекет во МВР, и нормално стои и тапка во место некаде во фијока.

Корупцијата во Македонија која е на историско рекордно ниво ја потврди и Транспаренси интернешнал претходно каде сме на 111 место.

Извештајот на Стејт департментот исто и како извештајот на транспаренси не е перцепција како што сакаат да кажат во владата, туку е болна и сурова реалност во која што не однесоа СДСМ.

Освен што сме најкорумпирани во Европа, МВР на Спасовски успеа да не изрезили во цел свет и со тоа што подели 215 официјални пасоши со украден идентитет на најголемите нарко босови, мафијаши, убијци, терористи во Европа и светот.

Дополнително, за реформите во МВР доволно говори што кадар на СДСМ и Спасовски поставен за началник на полицијата во Прилеп кој го има на илјадници слики со СДСМ, односно со Оливер Спасовски и Зоран Заев, беше уапсен од страна на ДЕА во акција за сузбивање на трговија со дрога. Тоа доволно кажува дека мафијата има своја држава и дека власта и мафијата е едно исто.

Исто така полицијата беше посочена од страна на обвинителството како причина за пробивање на акцијата Планина, во која требаше да се разбие еден од најголемите нарко картел во државата.

Да потсетиме дека имаше јавни изјави дека шеф на обвинителство најавувал апсења и барал камери неколку месеци однапред и тоа за одредени политички структури кои што не мислат како власта, што уште еднаш го покажува односот на државата кон граѓаните, односно селективноста која е нотирана и во извештаите кои што за жал ги читаме.

Силувањето на законите и процедурите во Собранието кое е нотирано во извештајот е единствено за личен интерес на мафијата на власт и Зоран Заев. Последен пример е европското знаменце на законот за марихуана, само и само за да се збогати фамилијата на Зоран Заев.

СДСМ очигледно се во тотална паника, штом после фризираните анкети, се обидуваат да ги фризираат и состојбите со криминалот и корупцијата кои што за жал метастазираа во Македонија и пак како што реков претходно сето ова има име име и презиме тоа е Зоран Заев и СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее