(ВИДЕО) Арсовски: Што се можеа СДСМ да подобрат за животот на граѓаните за 21 милион евра, кои ги испумпаа преку агенцијата за обезбедување

Од:

„СДСМ и Заеви свесно ја покачија цената на електричната енергија, на сметка на грбот и штета на граѓаните, само и само за да делат профит од високата цена преку тендери од универзалниот снабдувач и од институции од државата.

За сметка на тие профити кои ги дели струмичката агенција за обезбедување со Заеви, за коишто имаме сериозни сомнежи, над 21 милион евра, а граѓаните живеат во сиромаштија.

Наместо Заеви да делат огромни профити од парите на граѓаните, можеа да реализираат сериозни проекти за подобрување на животот на граѓаните“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со овие пари можеа да реконструираат болници, клиники или да се изгради нови болници.

Со 21 милион евра ќе можеше да се купат над 50тина возила за брза помош, коишто ги имаа најавувано и пред да дојдат на власт.

Со овие пари можеа да се реконструираат училиштата и градинките или пак да се изградат нови над 10тина нови училишта или над 20тина нови градинки.

Со овие пари можеа да се пратат над 50 луѓе со сериозни болести на лечење во странство, за кои граѓаните секојдневно донираат пари, преку социјалните мрежи, преку интеренет сервисите или преку смс пораки.

Со 21 милион евра ќе можеше да се поддржат домашните компании кои откако започна корона кризата се на работ на пропаст, а секојдневно се обидуваат да преживуваат и како што видовме според последниот податок над 12.000 работници ги загубиле своите работни места.

Со овие пари ќе можеа да се реконструираат стотици километри патишта кои граѓаните секојдневно ги возат, кршејќи ги своите возила.

Ова е начинот на работа на СДСМ, Заеви и нивните фирми.

Институциите мора да отворат случај и да ги испитаат овие енормно големи суми на пари кои легнале на сметка на оваа струмичка агенција за обезбедување, односно што го дуплирала својот приход од овие институции во текот на една година“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски