(ВИДЕО) Арсовски: Правниот систем е девалвиран, за тоа се криви Заев, Русковска и Јанева

Од:

„Веќе четири месеци Јавното обвинителство на Русковска и Јовевски ги има видео снимките и другите доказни материјали кои јасно ја посочуваат инволвираноста во рекетот не само на двајцата извршители, туку и на оние кои го смислија и помагаа политичкото – обвинителско – медиумскиот октопод.

Четири месеци Русковска слуша и гледа за улогата на Катица Јанева, Зоран Заев и разно разните Кики, Фрики и Шеки, но еве гледате дека не презема уште ништо.

Поранешни пратеници пишуваат и за улогата на синот на Катица Јанева во изнудувањето пари, но повторно Вилма Русковска не презема ништо“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека јавното обвинителство нема намера да го расчисти случајот, туку има намера да ги покрие сите траги кои водат од Боки 13 кон главата на октоподот, а тоа е Зоран Заев.

Затоа нема брза и ефикасна истрага каква што би требало да има и се очекува да има од страна на граѓаните и јавноста. Затоа нема притвори и други мерки.

Вчерашниот ден е потврда дека власта е подготвена да ја заштити мафијата и рекетарите кои се под нивна контрола.

Правниот систем е девалвиран и руиниран и за тоа директно се криви Зоран Заев, Вилма Русковска и Катица Јанева која е дел од криминалот заедно со Зоран Заев и врвот на власта.

Целиот процес на сведочењето на Катица Јанева вчера наликуваше на судење на најголемиот криминалец каде што таа беше придружувана од еден од адвокатите на осомничените во „Империја“. Која иронија потценување на интелигенцијата на граѓаните.

Ако е во својство на сведок и ако невина како што тврди, зошто и е потребен адвокат да ја придружува, кога и таа самата е обвинител и точно треба да знае што треба да сведочи и што треба да каже за да и помогне на истрагата, доколку сака да помогне нормално.

Напротив, придружбата од адвокат се покажа дека Катица Јанева е се само не е невина.

Целта на целата истрага е да се забошоти целиот случај и да се тргне истрагата и одговорноста од Катица Јанева и Зоран Заев и сите останати инволвирани.

Република Македонија и граѓаните си ја плаќаат цената за оваа коалиција помеѓу криминалот и политиката, а поддржана од правосудството кое што е под палка на Зоран Заев.

Република Македонија се повеќе се оддалечува од членството кон ЕУ. Никој ама баш никој во ЕУ не сака да има мафијашка влада на чело на држава која претендира да е нивни член и да работи на демократска основа. Наспроти тоа гледаме рекет, уцени, закани и забошотувањата на чисти случаеви каде што се гледа дека Катица Јанева подржана од Зоран Заев рекетирале бизнисмени.

Македонија е руинисана. Крајот на оваа крими коалиција помеѓу криминалот и власта се ближи и следува обнова на Македонија, веднаш после падот на СДСМ“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024