(ВИДЕО) Арсовски: Синот на пратеничката Ѓорѓиева е вработен во МВР со средно образование

Од:

Синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева од СДСМ е вработен во МВР на позицијата инспектор за јавна безбедност, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Тој прашува според кои критериуми ја добил работната позиција бидејќи синот на пратеничката има само средно образование, односно диплома за фармацевтски техничар.

„Дали е тоа така само затоа што е син на Милева Ѓорѓиева? Ова веќе е болна работа, ова веќе е епидемија на непотизам што може да се реши само на еден начин. А тоа е СДСМ да не бега од избори, да излезе на избори, каде што народот ќе си го каже своето мислење за нив. Нема човек во државата што не е разочаран кога гледа дека без критериуми се вработуваат синови, ќерки, сопрузи, браќа, сестри, мајки, баби, дедовци и сите други блиски и подалечни роднини на партиските функционери на СДСМ. Веќе и на членството на СДСМ му е јасно дека си имаат работа со криминален картел, кој гледа за себе да си обезбеди високи плати за семејството, високи бизниси, огромни тендери, огромни грантови и на тој начин да се натоварат што побргу, дури не паднале од власт бидејќи деновите им се одбројани“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра