(ВИДЕО) Арсовски: Повик до граѓаните да се приклучат на протестот во Кочани

Од:

„Македонија ги живее најцрните денови во својата понова историја од своето осамостојување па навака. Република Македонија доживува секојдневни порази и понижувања на секое поле.

На удар се граѓаните, на кои им ветуваа живот од страна на СДСМ, а истите тие кои што им ветуваа живот им донесоа само црнила. Наместо ветената плата од 500 евра граѓаните добија повисоки цени на лебот и горивото. Наместо 600 километри автопат, граѓаните добија реализација на капитални инвестиции од катастрофални 30 проценти до сега. Најмалку во историјата до сега“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, даноците и акцизите се покачуваат, стандардот опаѓа, народот едвај крпи крај со крај.

Правосудниот систем се претвори во партиска испостава на СДСМ која служи единствено за политички прогон на неистомислениците на Зоран Заев. Наместо правда и правдина граѓаните добија, двојни аршини и добија политички монтирани процеси кои верувајте ќе остават трајни последици во нашето општество.

Изминативе 2 години македонските граѓаните се понижени, омаловажени и обесчестени, спротивно на нивната јасно изразена волја, силувајќи ја Заев и СДСМ демократијата во нашата држава.

Наместо чесно работење и Влада која работи за интересите на граѓаните, добивме Влада која единствено се занимава со криминални тендери и грантови доделени на партиски и државни функционери на СДСМ.

Македонските улици се небезбедни имаме низа на нерасчистени убиства, случаи во кои сторителите сеуште не се изведени пред лицето на правдата. Граѓаните секојдневно се гушат поради енормното аерозагадување, се гушат во неспособноста на власта на СДСМ која ветуваше дека ќе го реши веднаш откако ќе дојде на власт.

Граѓаните знаат дека оваа цела црнила во нашата држава ја создава токму Владата предводена од единствениот аболициран премиер Зоран Заев и власта на СДСМ која претставува рак рана на нашето општество.

Македонскиот народ се погласно се крева против политиките на одродената и криминална власт.

Затоа ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на нашиот протест денес во Кочани во 15 часот, збирно место Градски парк, заедно одиме преку улиците на Кочани до градскиот трговски центар и сите заедно да го искажеме нашиот револт и да ја навестиме зората која ќе ги порази црнилата во Република Македонија создадени од СДСМ и Зоран Заев!“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ