„Последниве година дена Скопје е небезбеден град за живеење.
Во Скопје родителите се плашат за сопствените деца затоа што насилниците, криминалот и мафијата владеат со улиците. Владеат благодарение на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека неспособноста на Оливер Спасовски, бруталното партизирање на полицијата и владината коалиција со криминалот ќе ја плаќаат граѓаните со сопствените животи. За жал, тоа и ни се случува во моментот.
Денес сме сведоци дека уште еден млад живот е изгубен. 21 годишниот Никола Саздовски им подлегна на повредите откако пред 10 дена на автобуска постојка беше избоден од тројца напаѓачи. За жал, овој случај не е ниту прв, а за жал со заштитничкиот однос на власта кон криминалот, веројатно нема да биде ниту последен.
На местото на несреќниот Никола можеше да биде било кое друго момче.
Има ли поголем апсурд за правниот систем кога против напаѓачите МВР поднесува само кривични пријави за насилство, а млади момчиња ги губат своите животи?“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
