(ВИДЕО) Арсовски: По цела недела, се уште нема одговорност за прислушувањето во Обвинителството

Од:

„Повторно сме пред една од најнекредибилните институции во државата и институцијата со никаква доверба кај граѓаните, тоа е Јавното обвинителство.

После цела недела од најголемиот скандал кој го потресе обвинителството, ние се уште од никого не видовме да сноси никаква одговорност.

Се уште не знаеме ниту кои обвинители се прислушувани, ниту со кого се водени тие разговори, ниту дали во разговорите има индиции за криминал, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста се уште не знае колку разговори се снимени, кој ги чува и има копии од истите разговори? Дали сега службите ги бришат логовите од централата? Дали снимените приватни и службени разговори на обвинителите служат за уцени? Дали е ова причината за молкот во Јавното обвинителство?

Срамот кој во моментов го трпи оваа институција позади мене покажува само во каква состојба ни се наоѓа судството и обвинителството во Република Македонија, каде што знаеме и самите дека нема ниту правда, нема ниту правдина.

Тоа до сега го видовме преку најеклатантниот пример кога Зоран Заев беше амнестиран за земањето поткуп од 200.000 евра.

Додека траеше целиот процес низ судот за случајот „Поткуп“ каде што и врапчињата знаеја дека Заев е виновен и треба да лежи затвор, во текот на 2016, 2017, 2018, тоа се годините кога се водеше процесот во Јавното обвинителство се прислушувале обвинителите и нивните соработници.

Дали можеби преку овие снимени разговори се вршеле разни притисоци кон инволвираните во процесот за да пресудат во корист на Заев, односно да го „исперат“ од криминалот кој што го имаат сите видено?

Да не ги споменувам тука и другите случаи на лица од СДСМ, како градоначалникот Боро „Малборо“ и останатите кои добија пресуди во нивна корист и бевме сведоци на преседан во правниот систем.

Јавно Ве повикувам и прашувам, Вас обвинителите од Јавното обвинителство, зошто се плашите и го одмолчувате скандалот каде што лично Вие сте прислушувани и сте мета на напад?

Дали некој Ве уценува со снимените разговори да молчите и да не ја барате правдата кој ги нарушил вашите професионални и човечки права?

Оставки од сите инволвирани во овој скандал мора да има и тоа мора да има веднаш. Не може да молчат сите и да се однесуваат како ништо да не се случило, а ни се случи скандал од огромни размери кој може да ја поремети оската на движење на општеството доколку се обелодени во целост онака како што треба.

Оставки од целата влада и тоа веднаш. Да не заборават само, сите инволвирани, дека ќе дојде ден кога ќе се променат политичките текови во државата, ќе се врати правдата и овој случај ќе биде предмет на истрага од професионалци, за подоцна и сите да одговараат согласно она што го сториле“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ лично мене и ВМРО-ДПМНЕ не следеле со дронови

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

„Левица“ поднесе кривична против Гаши, СДСМ не се откажува од законот за бранители, ВМРО-ДПМНЕ велат презеле чекори да се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Таравари потврди дека Мицкоски ја партизира АНБ вели СДСМ, помалку да пиете од апчињата за заборавање одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски