(ВИДЕО) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Од:

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се во улога на „Големиот брат” како во орвеловата книга 1984, Стојчевска сака да диктира и да цензурира уметниците што смеат, а што не смеат да пишуваат во своите дела, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој додаде дека протоколот кој го потпиша Владата ѝ овозможува на Бугарија секое уметничко творештво да го оценува дали преставува говор на омраза и таквите дела од културата да не смеат да бидат финансирани со народните пари.

„ Ете затоа скафандер министерката за култура дава цензурирачки насоки до уметниците да не творат дела со историски наратив. Оттука е и нејзината скандалозна изјава која што сите за жал ја слушнавме: „Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор“, што според неа е „нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“.

Сега веќе е јасно и кој давал наредби за цензурирање на строфи од песни кои ги пее официјален хор на МОБ, како и цензурирање на официјална државна химна. Замислете, со вакви доктори на науки и професори, во која насока ни се движи образованието коешто ни ги подучува новите идни генерации, а не пак да размислиме во која насока ни се движи културата со ваква министерка.

Според Бисера Костадиновска Стојчевска безмалку најубавите филмски дела кои што ги има оваа држава, романи, песни и драми треба да се зафрлат во подруми и да не се говори за историјата на Република Македонија, нешто што е најсвето. Недостига уште сето тоа да биде поставено на клада целото тоа творештво и да биде спалено“ рече АРсовски.

Тој постави неколку прашања за кои, како што рече, јавноста треба да размисли, а владата да ги одговори бидејќи, според Арсовски, прашањата се многу реални и можно е набрзо да се случат.

-Дали следно ќе биде прогонување на режисерите и сценаристите кои што ги реализирале ваквите дела за кој што говореше Костадиновска Стојчевска и дали можеби ќе им бидат одземени сите награди кој што ги собрале низ годините?

-Дали следно е цензурирање на имињата и укинување на имињата на одредени културно уметнички друштва?

Арсовски обвини дека тоа е невидена цензура на творештвото, согласно Протоколот кој што го потпиша владата. Ваквата изјава на Костадиновска Стојчевска е скандалозна и за тоа мора да понесе одговорност, односно да си поднесе оставка, порача Арсовски.

„ Комедијантката Стојчевска која што нели им наложува да пишуваат комедии, уметниците во Македонија треба да се извини на македонскиот народ и веднаш, ама веднаш дури и денес во недела да отиде да си ги собере парталите од министерството и да го напушти. Што повеќе говори на темата, толку повеќе ја срами цела држава. СДСМ и Стојчевска ќе бидат запаметени како мрачно минато во историјата на Република Македонија“ заклучи Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност за незаконитото работење

(ВИДЕО) Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

Арсовски: Дали Бухова и Министерството за здравство дозволиле очната болница на Промедика да врши дејност оперативни зафати без потребни лиценци?

Катерина Ѓуровски

Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна

Горан Наумовски

Арсовски: Скафандер министерката стана скандал министерка

Арсовски: Министерката што се срами и ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка

Горан Наумовски