(ВИДЕО) Арсовски: Ослободувањето на Јанева е срамна одлука за правосудството во Република Македонија

Од:

„По вчерашното пуштање од притвор на Катица Јанева и збунетите реакции на Кацарска судот и Русковска обвинителството како да не знаат што се случува, очигледно е дека сето она што го видовме вчера е само театар и претходно смислено сценарио.

Ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и срамно и смешно.

Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека има вмешаност на политичари, па најпосле се испостави дека навистина се вршел Рекет и во истиот биле вмешани и политичари и СЈО и се останато и случајно сите ги изгубија мобилните телефоните.

Свесно оставија простор да може Катица Јанева најпрвин да брише и форматира компјутери, потоа да губи мобилни телефони додека е на плажа и на крај да ги избрише сите докази кои што се неопходни за постапката.

Зоран Заев најпрвин на лидерска средба пред неколку месеци најави дека ќе мора да се ослободи од притвор Катица Јанева, а потоа тврдеше дека се лажги со опашки.

Денес веќе е јасно за какво организирано сценарио се работи каде што театрално глумат и се караат Русковска и Апелација, па ќе се пријавуваат во полиција каде што министерот е најблизок на Зоран Заев и во спрега со ова обвинителството, за на крај да Зоран Заев тврди дека е потребно ветинг по негова мерка.

Истрагата се водеше и продолжува да се води аматерски и заштитнички кон криминалот. Се што се прави е пазарења и обид да се спаси главата на октоподот, а тоа сите знаеме дека се наоѓа на Илинденска бб во владата. Стравот да не пропее Катица Јанева или другите обвинети е резултат на сето ова што се случува каде што се исполнуваат нечии желби.

Смешно и жално е ова што се случува во правосудството.

Затоа потребна е обнова на Македонија, потребно е обновено правосудство а тоа ќе започне после 12 април“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски