(ВИДЕО) Арсовски: Нашиот став е дека нема потреба од нов договор и анекс на Договорот со Бугарија

Од:

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, смета дека Договорот од 2017 година е добра основа и рамка за разговорите да продолжат во насока на изнаоѓање на решенија за спорот со Бугарија.

„Нашиот став е дека нема потреба од нов договор и од анекс на Договорот“, вели Арсовски.

Тој најави дека во текот на денот премиерот Зоран Заев ќе има телефонски разговор со канцеларката Ангела Меркел.

„Благодарни сме што претседавачот со ЕУ на ваков начин се залага за исполнување на заедничката цел, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција со што се означува почетокот на преговорите до крајот на годината. Ова е сигнал за целиот регион дека со тоа се задржува кредибилитетот на ЕУ што е интерес на сите“, рече Арсовски.

Тој вели дека паралелно се одвиваат контактите меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.

„Во интерес на тој процес не би требало да се изнесуваат детали. Секој нов состанок води кон зајакнување на довербата и кон приближување на позициите“, вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито