(ВИДЕО) Арсовски: Нашиот став е дека нема потреба од нов договор и анекс на Договорот со Бугарија

Од:

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, смета дека Договорот од 2017 година е добра основа и рамка за разговорите да продолжат во насока на изнаоѓање на решенија за спорот со Бугарија.

„Нашиот став е дека нема потреба од нов договор и од анекс на Договорот“, вели Арсовски.

Тој најави дека во текот на денот премиерот Зоран Заев ќе има телефонски разговор со канцеларката Ангела Меркел.

„Благодарни сме што претседавачот со ЕУ на ваков начин се залага за исполнување на заедничката цел, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција со што се означува почетокот на преговорите до крајот на годината. Ова е сигнал за целиот регион дека со тоа се задржува кредибилитетот на ЕУ што е интерес на сите“, рече Арсовски.

Тој вели дека паралелно се одвиваат контактите меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.

„Во интерес на тој процес не би требало да се изнесуваат детали. Секој нов состанок води кон зајакнување на довербата и кон приближување на позициите“, вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција