(ВИДЕО) Арсовски: Народниот правобранител Зибери да се изјасни за непочитувањето на Законот за судови од страна на Иван Џолев

Од:

„Денеска како ВМРО-ДПМНЕ поднесовме претставка до господинот Насер Зибери, кој што е народен правобранител. Претставката е за непочитување на Законот за судови од страна на Основниот кривичен суд, конкретно од претседателот на судот Иван Џолев.

И бараме итно постапување за да се увиди зошто не се почитуваат Законите од страна на Иван Џолев.

Како што знаете, вчера поднесовме претставка и барање за утврдување судир на интереси до Антикорупциската комисија за судијата поротник Митко Сандев, денеска претставка до Народниот правобранител“, кажа Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во прилог доставивме и преглед од статутарна комисија каде што членува господинот Митко Сандев во политичка партија. Доставивме и докази, практично дека има навршени 60 години и треба да му биде прекинат мандатот како судија поротник и за тоа денеска сме тука и побаравме и итно постапување од страна на господинот Насер Зибери.

И повеќе од јасно е дека се води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ со непостапувањето од страна на господинот Иван Џолев како претседател на судот. И повеќе од јасно е дека ова се се прави свесно за терор врз ВМРО-ДПМНЕ со ова непочитување на Законите.

Законот е јасен, со навршени 60 години судија поротник не може повеќе да ја обавува таа функција, но и судија поротник кој што членува во политичка партија не може да одлучува непристрасно односно може да одлучува пристрасно, и за тоа не треба и не смее да членува во политичка партија.

Уште еднаш бараме итно барање односно пуштање иницијатива од страна на Иван Џолев до Републичкиот судски совет за прекин на мандатот на Митко Сандев, судијата поротник.

Доколку не се случи тоа, дадовме рок до утре за поднесување на кривични пријави. Денеска практично е последниот ден кога има рок од нас за да поднесе иницијатива, доколку не ја поднесе ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство за непочитување на Законот“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик