(ВИДЕО) Арсовски: Љупчо Николовски исплашен и неповикан реагира за медиумско истражување за шверц на 100 тони тутун

Од:

„Вчера во еден медиумите можеше да се види новинарски прилог за тутунската мафија во Крива Паланка, мафија за која што говориме подолго време, но институциите се слепи и глуви. Што можеше да се забележи?

Оваа тутунска мафија за која има и предмет во царинската управа, но и во ЈО, нормално се контролира целиот процес е заштитена од оној кој што се јави неповикан да се пере од потенцијалниот криминал, Љупчо Николовски, вицепремиер за спречување корупција, човекот кој што ја шири корупцијата, кој беше министер во времето токму кога е шверцуван овој тутунот за кој што говориме“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Молкот и непостапувањето на институциите за над сто тони шверцуван тутун, за кој не сакаше да каже ни увозникот Тројановски, кој е близок пријател на Николовски, каде завршил, на кој бил продаден тутунот, во која форма и дали можеби завршил во Арачиново?

Избегнувањето на одговорите и бегањето од одговорност бидејќи сега ги штити власта за ваквиот криминал, не значи дека нема да следи одговорност за сето ова понатаму. Ова е криминал од милионски размери кој што не може да остане вака.

Дополнително, неповиканиот Љупчо Николовски, со своите манипулативни реакции и изјави, и заради страв да не биде откриен до крај целиот скандал и можеби некој народски кажано пропее кој ја аминувал оваа акција, со тоа со овој страв ја потврди неговата вмешаност од тоа време.

Само исплашен човек кој е замешан во ваков скандал реагира вака, неповикан да се објаснува и заканува на медиуми и новинари.

За тутунската мафија мора да има одговорност, а овие политичари кои што себеси се сметаат за многу моќни треба да ги тргнат рацете од новинарите и да ги остават да си ја работат својата работа како што треба.

Прашањата кои што ги поставуваме за овој скандал се сеуште истите, и институциите треба да одговорат.

Тоа се:

Каде завршил тутунот и дали завршил во Арачиново?

Дали аминувал ваква операција за шверц на над 100 тони тутун, а можеби и повеќе Љупчо Николовски преку Димче Тројановски?

Колку пари сите инволвирани кои и да се имаат заработено од оваа акција и операција за шверц на тутун?

Колку пари ја оштетиле сите инволвирани државата, но и чесните тутунари кои што мака мачат да го продадат својот тутун?

Додека ЈО отвори случај и сеуште се обидува нормално да го прикрива и да не дава информации на јавноста и медиумите, антикорупциската сеуште спие и не презема ништо. Ова е комисија која што внимавајте беспредметно и без потребно ги троши парите на граѓаните за свој личен луксуз и високи плати.

Но, одговорност за овој криминал на тутунската мафија мора да има и за инволвираните, но и за сите оние кои што се потенцијални соучесници со тоа што го прикриваат ваквиот скандал и оваа афера не ја вадат на виделина преку институциите, тука мислам на ЈО, на МВР за организиран криминал, на Антикорупциската комисија“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик