(ВИДЕО) Арсовски: Криминалот и корупцијата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев

Од:

„Секоја изјава на Зоран Заев, нов бисер. Највисоката инстанца на САД во свој извештај тврди дека криминалот и корупцијата во Владата се на највисоко ниво и им попречуваат на бизнисот во Република Македонија“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е факт цели четири години наназад. Криминалот и корупцијата во СДСМ и во власта го заземаат највисокото можно ниво.

И кога Заев вели дека нема криминал и корупција во највисоките ешалони, со тоа им се смее во лице на Стејт Департментот и на граѓаните кои секојдневно го гледаат криминалот.

Кога Заев вели дека не треба да бара одговорност од Љупче Николовски за високото ниво на корупција оти добро си ја вршел работата, стотици бизнисмени плачат секојдневно од оваа Влада.

Да потсетиме, дека и правосудните органи и Антикорупциската комисија се партиски испостави на СДСМ и Заев, кои само работат под негов диктат и спроведуваат партиски нарачки. Нема ниту еден случај сведен до самиот крај каде што одговарал некој од власта за било каков направен криминал.

Ваква недоветност и вакво лажење од страна на премиер до сега не е видено никаде.

Замислете, Драги Рашковски кој му беше секретар на Влада, обвинет за висока корупција и криминал, Заев да вели дека не е прв ешалон. Венко Филипче, министер кој бркаше провизии на вакцини, кој заработи во време на пандемија, кој мести тендери секојдневно на клиника, Заев да вели дека не е прв ешалон. Криминалот во МВР каде што директно е одговорен Оливер Спасовски, кој што дели лични карти и пасоши и се останато на криминалци и нарко босови, Зоран Заев да вели дека и овој човек не е прв ешалон. Катица Јанева во СЈО чиј цел тим беше од блиски луѓе и од блиска средина на СДСМ која рекетираше бизнисмени и јавно се зборуваше дека парите и ташната завршиле кај семејството Заеви, повторно Зоран Заев да вели дека овие луѓе не се прв ешалон.

Не може за нивниот криминал да им се виновни шалтерски службеници кои само издаваат документи.

Тажната реалност во Република Македонија е дека криминалот и корупцијата го заземаат високото прво место во Владата и се уште никој не одговара. Но верувајте дека еден ден ќе одговараат.

Коруптивниот начин на работење на Заев и оваа Влада си го зема данокот во светските извештаи, а граѓаните се повеќе осиромашуваат и тонат.

За крај криминалот и корупцијата во Република Македонија почнуваат и завршуваат со Зоран Заев“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски