(ВИДЕО) Арсовски: Колку чини прославата на владата и каде и кога е објавен тендерот?

Од:

СДСМ одби да биде со сопствениот народ и ја бојкотираше прославата на која што се одбележуваше 20 годишнината од независноста на Република Македонија во 2011 година, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека сега СДСМ организира прослава со која што сака да го одбележи бришењето на името Македонија.

– Ова е врв на лицемерието на Зоран Заев и на СДСМ. Ова е доказ дека на нив не им е свето ништо македонско. Лажеа дека ќе работат транспарентно, а сега кријат на кој начин ја финансираат и организираат прославата. Четири дена имаме тотален молк околу тоа каде и кога е објавен тендерот. Кој ги договара пејачите и како е направена селекцијата на истите? Кој ги организира бините и кој го работи озвучувањето и осветлувањето кое што ќе биде поставено низ 15 градови? Како се одбрани фирмите и колку пари чини сето ова за граѓаните? Дали е точно дека се криело од уметниците на каква прослава се поканети да настапат? И најважното, колку вкупно пари чини оваа прослава? Срамно е владата да чека да помине прославата па да фингира со суми на пари, бројки и трошоци, рече Арсовски.

Тој додаде дека СДСМ во 2011 година по повод прославата за 20 години независност барале одговорност од тогашните владини функционери, иако биле изнесени сите трошоци за прославата, а сега ги кријат и хонорарите и сумите што се исплаќаат.

– За ваквиот криминален однос со парите на граѓаните, власта на СДСМ мора да понесе одговорност и да одговара! Зоран Заев поразот и капитулацијата кои што ги обзнани Ципрас не може да ги претвори во победа. Може да се обиде да фрли уште повеќе пари на граѓаните или да купува нечиј молк, но во историјата тој ќе остане запаметен како првиот политичар кој ги погази македонските црвени линии и се согласи на промена на Уставот, бришење на името Република Македонија и промена на идентитет. Ова не е за славење, ова е за жалење. На секој граѓанин на оваа земја, што си ја сака Македонија и што сака да си го задржи и името и идентитетот и културата и традицијата, воопшто не му е до славење во моментов. До славење му е само на Заев и на криминалниот картел кои се на власт кои ги испорачуваат ветените фактури и кои се богатат на грбот на граѓаните, рече Арсовски.

Тој ги повика граѓаните да им се придружат утре на протестниот марш утре во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Арсовски: Министерката што се срами и ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовски: Пендаровски сериозно го има совладано синдромот на ретерирање

Предлогот за видео надзор се однесува само за процесите кои не може да се дигитализираат, појасни Арсовски

Арсовски: СДСМ сака да украде 600 илјади евра преку маркетинг кампања

Арсовски: Можеа да изгласаат помош на стопанството кога гласаа доверба – одолговлекуваат затоа што Буџетот е празен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Арсовски: МВР и Спасовски 24 часа молчат за инцидентите во Струмица, град кој стана како дивиот запад