(ВИДЕО) Арсовски: Колкава плата зема синот на Ленче Николовска од Фондот за иновации?

Од:

„Синот на посебната советничка на Зоран Заев, Ленче Николовска, професионално е ангажиран од страна на Фондот за иновации и развој.

Ова не би било ништо скандалозно доколку мајка му не е посебна советничка на Зоран Заев во Владата на СДСМ како посебен советник за земјоделие чија плата е во бруто висина од 75.000 денари.

Прашуваме, како е можно баш децата на функционерите на СДСМ да се најквалитетни и да се вработуваат по институциите?“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така прашуваме, колкава е висината на платата што ја добива синот на Ленче Николовска за работата што ја работи во Фондот за иновации?

По кој критериум е избран баш синот на посебната советничка на Заев да биде ангажиран од државна институција и од кога е ангажиран да работи за Фондот за иновации?

Ова не е прв случај во Владата на СДСМ каде што функционерите од Владата си ги вработуваат своите деца во државните институции.

Ова не е прв случај каде што децата на функционерите од Владата се поспособни од било кој млад човек во нашата држава.

Претходно јавноста беше запознаена со вработувањата на децата на Мирослав Грчев, Талат Џафери, Есад Рахиќ, братот на градоначалничката од Битола и многу други случаеви.

Очигледно е дека единствен критериум за вработување во СДСМ е да бидеш во блиска роднинска врска со некој од функционерите.

Очигледно е исто така дека проектот „младинска гаранција” преку кој требаше да се вработуваат најдобрите студенти во државава, СДСМ го смени во проект „функционерска гаранција” каде што се гарантира вработување на секое дете на функционерите на СДСМ, а оние роднини коишто нема да се вработат од страна на Владата, добиваат грантови од Фондот за иновации, како на пример снаата на Цветанка Ласкова.

Ова е начинот на кој СДСМ ја замислува професионализацијата на администрацијата и институциите.

СДСМ мора што побрзо да си замине од власт и да ја ослободи државата од своите партиски инсталации. На крајот граѓаните и Република Македонија ќе победат!“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби