(ВИДЕО) Арсовски: Кој од врвот на власта се плаши од вистината која што може да ја каже Бојан 13?

Од:

„Поминаа 5 месеци и дури сега беше повикан на распит првоосомничениот во случајот РЕКЕТ, Бојан Јовановски Боки 13.

Непрофесионалниот однос кон истрагата на Русковска обвинителството доведе до развлекување на целата истрага и доведе до невиден хаос во целата истрага.

Откако јавноста беше запознаена дека Боки 13 секој втор ден беше носен на клиника на прегледи каде што јавноста отворено се сомневаше дека таму има средби со одредени луѓе од истрагата инволвирани во случајот, затоа главното прашање кое што денеска сакаме да го поставиме е следното: Кој го замолчи денеска Бојан Јовановски алијас Боки 13 да не даде исказ во истрагата?“, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој од врвот на власта се плаши од вистината која што може да ја каже Бојан 13? Кој од врвот на власта се плаши од исказот на Боки 13 да ја каже вистината?

Со што е уценуван Боки 13 да замолчи и да не го даде својот исказ денес? После сето ова се гледа Русковска свесно ја води истрагата под палка на Зоран Заев.

Сведоци сме изминатиов период на низа неправилности во целата истрага додека ја води Рускоска обвинителството. Сведоци сме дека низ медиумите излегуваат мал милион докази, документи и записи од истрагата, каде што се гледа дека намерно и свесно се прикрива целата истрага.

Очигледно е дека истрагата на обвинителството за случајот „Рекет“ доцни повеќе од 5 месеци, а тоа се со една и единствена цел, да се прикријат нарачателите и доказите за целиот случај.

Боки 13 денеска беше свесно замолчен за да ги прикрие вистинските нарачателите на милионскиот рекет кој е можеби најголем скандал во историјата на Република Македонија.

Вистината мора да излезе на виделина и верувајте дека ќе излезе на виделина.

Во случајот РЕКЕТ ќе одговараат и ќе ги сносат последиците кога ќе се смени власта во Република Македонија.

Во моментот на Република Македонија и е потребна обнова на Македонија и таа многу набрзо ќе дојде после парламентарните избори каде што СДСМ ќе падне“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ