(ВИДЕО) Арсовски : Истрагата за случајот „Рекет“ е девалвирана и компромитирана

Од:

Истрагата за случајот „Рекет“ е девалвирана и компромитирана .Обвинителството не ја води според процедурите, туку свесно ја развлекува и ја турка под тепих, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоци сме изминатиов период на низа неправилности во целата истрага додека ја води обвинителството. Сведоци сме како низ медиумите излегуваат мал милион докази, документи и записи од истрагата, а обвинителството цело време молчи и се однесува збунето како да не е од оваа планета, додаде Арсовски.

„Сведоци сме од објави на интернет-просторот дека од УБК се изнесувале доверливи информации и веднаш потоа со истите тие информации рекетарите уценувале бизнисмени и недолжни граѓани. Затоа прашуваме, коие бизнисмени биле предмет на уцена и им било изнудено пари?

Дали е вистина дека со такви материјали кои биле изнесени од УБК бил уценуван многу познат бизнисмен кој го знае јавноста. Чиј роднина има на некој начин исплатено огромна сума пари за да се прикријат истите незаконски дејствија за коишто се споменува дека биле вмешани и малолетни лица?Кои функционери од МВР му ги доставиле истите документи за уцена на Боки 13 и дали се повикани веќе на распит?

Очигледно е дека истрагата на обвинителството за случајот „Рекет“ доцни повеќе од 4 месеци, а тоа со една цел, да се прикријат нарачателите и доказите за целиот случај. Едно е јасно. Одговорност мора да има и ќе има. Ако некој мисли дека Русковска ќе го спаси од целиот криминал што го направил, многу погрешил. Потребни се предвремени парламентарни избори веднаш и потребна е обнова на Македонија која набргу ќе дојде по падот на СДСМ”, наведе Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски