(ВИДЕО) Арсовски: Институциите под команда на Заев и СДСМ молчат за испумпаните 21 милион евра

Од:

„СДСМ молчи за најголемиот грабеж со испумпување пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување. 21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги. Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страна на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија.

„Дали шемата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Заради желбата за пари на едно семејство од Струмица, цела Македонија плаќа поскапа струја. До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?! Кога во цел регион, но и во остатокот од Европа цената на струјата се намалува, кај нас во Македонија истата се зголемува, за да се задоволат бизнис апетитите и апетитите на семејството Заеви.

Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија. Македонија не е должна да плаќа за туѓи бизнис интересите. Воедно, бараме од ЈО, Антикорупциската комисија, регулаторните тела и сите останати да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување на државни пари, во спротивно и тие ќе бидат соучесници“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски