(ВИДЕО) Арсовски: Институциите да ги истражат сомнежите за испумпани 21 милион евра

Од:

„Струмичката агенција за обезбедување изминативе 2 години земала тендери на сметка на граѓаните во висина од над 21 милион евра.

Покачувањето на цената на електричната енергија е резултат на високите тендери кои ги добива струмичката агенција за обезбедување од универзалниот снабдувач за електрична енергија.

Истото се случува со народните пари кои ги добиваат преку тендерите од општините кои се под водство на СДСМ, СОЗР и останатите институции кои ги води СДСМ.

Изминативе неколку денови јавно обзнанивме 10-тина тендери кои ги земала оваа струмичка агенција за обезбедување и на сите повеќе и од јасно им е дека се несразмерни во однос на сумите и она коешто го вршеле како услуги“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледајќи ги тендерите сериозно мириса и остава сомнеж дека се испумпани пари преку овие тендери и оваа агенција на конто на семејството Заеви, а сето тоа на трошок и грб на граѓаните кои ги плаќаат овие пари.

Оттука сакаме јавно да повикаме до институциите, кои се под водство на СДСМ и кои ги имаат канџите на СДСМ врз нив, кои сепак се нивни соучесници, да се одважат, да се отргнат од нив и да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување пари.

Над 21 милион евра пари на граѓаните се испумпани од институции и универзалниот снабдувач, граѓаните плаќаат повисока цена на електрична енергија и граѓаните тонат во сиромаштија.

Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, регулаторните комисии, сите молчат и со месеци ги нема да застанат очи во очи на криминалот, практично на еден начин се соучесници.

Повикуваме уште еднаш, да отворат случај за сите сомнежи за криминал и испумпани пари, бидејќи се работи за парите на граѓаните.

Во спротивно, сите овие институции и нивни функционери се соучесници во целиот овој криминал“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски