(ВИДЕО) Арсовски: Ги повикуваме институциите и општина Гази Баба да ги ревидираат договорите за осветлување вредни милиони

Од:

„Цели три дена слушаме паушални одговори од Борис Георгиевски, а неговата матична партија СДСМ не спомена ниту збор за да го одбрани. За само шест месеци во период од мај до октомври 2021 година Босрис Геогриевски како градоначалник на општина Гази Баба склучил договори за улично осветлување во висина од 2 милиони евра, и тоа со две фирми“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Има неколку симптоматични постапувања во овие договори кои што треба да бидат ревидирани од општинската власт и затоа сме тука пред општината да ги повикаме да го сторат тоа.

Како е можно за само 103 дена да се исцрпат 11 милиони денари договори за поставување нови линии и тековно одржување на уличното осветлување?

Дали соодвествува фактичката состојба со записниците од надзорот и дали е се онака како што е пријавено дека е сработено од изведувачот?

Додека се се уште активни овие договори не се исцрпени во август, општина Гази Баба и Борис Георгиевски склучиле нов договор од 1,7 милиони евра за паметно осветлување и менување на старите натриум сијалици со нови паметни лед светилки, и од тука прашауваме зошто е исплатен веднаш авансот од 340.000 евра согласно договор кон фирмата баш пред избори и потоа до заминувањето на Борис Георгиевски не е ништо побарано со работен налог да сработи токму оваа фирма која што го добила овој милионски тендер?

Дали им било важно само да се исплатат авансните пари пред изборите?

Дододека е активен овој милионски договор зошто во октомври 2021 година пред да си замине Борис Георгиевски наместо налози да се дадат за работа за постојниот договор од 1,7 милиони евра за паметни, лед светилки да се местат, Борис Ѓорѓиевски склучил нови договори за одржување на на старите натриумови светилки. Нели тие треба да бидат сменети?

И од тука сакаме уште еднаш да го повикаме и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски но и институциите да направат ревидирање на овие постапувања кои што се терале како работа, по однос на овие договори за да се утврди дали соодвестува фактичката состојба на терен со записниците кои што давал изведувачот и надзорот во општината.

Според нашите информации и коментари од граѓаните, не соодвествуваат. Така да ги повикуваме уште еднаш и градоначалникот и Општина Гази Баба, но и интитуциите да поведат било какви постапки, доколку е потребно и доколку се утврди од таа комисија која што би ја составила Општина Гази Баба за да го испита овој сомнителен начин на функционирање за овие планирани два милиони евра, кои се ниту малку мари за граѓаните и за Гази Баба“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски