(ВИДЕО) Арсовски: Филипче и Заев наместо да дадат оставки тие апсат луѓе кои што мирно протестираа

Од:

Венко Филипче и Зоран Заев наместо да си дадат оставки тие дефокусираат и апсат луѓе кои што мирно протестираа. Венко Филипче и Зоран Заев треба да си дадат веднаш оставка, за да може истрагата да се одвива непречено, да не влијаат. Наместо тоа, не треба да апсат граѓани кои што мирно протестираат, а со тоа и да дефокусираат од нивните оставки, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на новинарско прашање.

„Ние, уште еднаш, сакаме да дадеме поддршка до граѓаните кои протестираат со право поради незадоволството од досегашната истрага која што се случува, односно ја контролираат Венко Филипче и Зоран Заев, со самото тоа што не дадоа оставки за да не влијаат“, додаде Арсовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ