(ВИДЕО) Арсовски: Филипче и Заев ќе се рекламираат за успешна вакцинација со 300.000 евра народни пари

Од:

„Владата на СДСМ не прекинува со сомнителни тендери и воопшто не губи време. Иако повеќе Драги Рашковски како искусен тендераш, не е Генерален секретар во Владата, сепак Генералниот секретаријат работи со полна парена.

Денес сакам да ја запознаам јавноста со еден тендер кој го објави Владата, а ќе видите зошто велам сомнителен тендер.

Владата на СДСМ последниот работен ден од април, пред празниците, на 29 април, објави тендер за маркетинг услуги, внимавајте, маркетинг услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за успешна вакцинација и заштита на населението од вирусот Ковид-19“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од она што може да се види во тендерската документација која за жал не можев да ја даунлаудирам – може тоа е нова метода на транспарентност на СДСМ.

Вредноста на овој тендер е 15,635,580 денари или 255,000 евра без ДДВ. Со ДДВ околу 300.000 евра, 300.000 евра за маркетинг услуги и промоција на неуспешните министер и премиер Венко Филипче и Зоран Заев. Триста илјади евра народни пари, Владата ќе ги даде на некоја нивна блиска маркетинг агенција да им осмисли и реализира кампања за успешна вакцинација и заштита на населението од Ковид 19.

Нејасно е како мислат да се промовираат со 300.000 евра низ медиумите, ако сите знаеме дека токму Владата забрани уште на почетокот на своето доаѓање во 2017-тата година, платени владини рекламни кампањи во медиумите. Дали планираат да го прекршат законот?

Немаат вакцини, луѓе умираат секој ден, народ собира пари

по социјални мрежи за донации за лекување, донации за витамини, ама затоа Филипче и Заев решиле да прават кампања од 300.000 евра за успешна вакцинација на терет на граѓаните кои што немаат леб да јадат.

Стопанството трпи, народот трпи, над 60.000 луѓе останаа без работа, угостителите преживуваат, туристичките работници затвараат фирми, но затоа Филипче и Заев сакаат да се рекламираат со парите на сите овие луѓе кои трпат, само за да си го кренат нарушениот рејтинг.

Замислете, тендерот ќе заврши на 31 мај, а за да се реализира сето ова ќе требаат најмалку уште 2 месеци, а Владата од сега проценува дека треба да се прави камапња за успешна вакцинација.

Најпрвин да се прави кампања за успешна вакцинација, Владата треба да има набавено вакцини, вакцинацијата да оди без никаков проблем и над 70% од населението да е вакцинирано. Кај нас сеуште не се вакцинирани хронично болните и ризичните категории на граѓани, нема вакцини односно вакцини добиваме само од донации.

Очигледно, што впрочем и сериозно се сомневаме дека овој тендер за оваа кампања од 300.000 евра е направен со цел да се испумпаат народни пари, да се финансира кампањата за локални избори на СДСМ преку парите на граѓаните и однапред веќе се зборува низ кулоарите кои агенции треба да го добијат. Зошто го велам ова, ќе дознаете наредните денови.

Апелирам, да се вклучат граѓанските организации, да се вклучат институциите, граѓаните кои мака мачат да преживеат и да не се дозволи ваков недомаќинлук и криминален тендер на повидок од Зоран Заев и Венко Филипче“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица