(ВИДЕО) Арсовски: Единствената бизнис идеја во главата на Заеви е бизнисот со марихуана

Од:

„Наместо инвестиции како што беа најавувани од страна на Заев како што беа Гугл, Фејсбуук и останатите во реален сектор и отворање на нови вработувања, секојдневно гледаме како најатрактивен бизнис во Република Македонија е бизнисот со дрога и нарко трафикингот“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„8.5 тони марихуана влезе во Македонија од афричката земја Лесото во вредност од десетици милиони евра, а власта пробува тоа да го сокрие но сепак се се дознава и се дозна за ова работа што се обиде да ја сокрие.

Очигледно е дека единствена бизнис идеја во главата на Заеви е бизнисот со дрога каде што се неприкосновени и станаа најпознат нарко картел на Балканот.

Од страна на оваа Влада имаше хиперпродукција на над 50-тина лиценци за одгледување канабис и тоа само во последните 3 години од кога СДСМ е на власт, каде што и апсени и осудувани шверцери на цигари како познатиот Боро Малборо кој што беше нивен градоначалник од Ново Село добиваа лиценци за одгледување на марихууана , и на толкав обем на фирми, сега гледаме дека некој увезува марихуана од афричката земја Лесото.

Поочигледно е дека и хиперпродукцијата на лиценци била најверојатно за да се офајдат некои пајташи на СДСМ со пари за истите, а исто така и дека овие 8.5 тони марихуана знак прашалник е каде ќе завршат или пак каде завршиле до сега .

Затоа Зоран Заев сака да се донесе закон за извоз на цвет од канабис, за да може да врши легален шверц, ист онаков шверц како што беа фатени неговите блиски луѓе од американската ДЕА пред само неколку месеци. Со тој закон само би се легализарал шверцот на марухуана кој и онака го контролираат нарко картелот Заеви. И затоа повторно сега овој период пред изборите повторно Зоран Заев го поднесе законот со европско знаменце до собранието каде што нема никаква европска вредност за да биде поднесен со европско знаме законот за извезување на цвет од канабис но најверојатно според она што се говори низ круговите и кулоарите на луѓе кои што се занимаваат со тоа повторно го поднесоа за да може повторно да ги прати истите пајташи кој што им земале пари за лиценци сега да им земат за предизборите за да можат да извршат поткуп. Повторно ќе потенцираме Р.Македонина стана најпогодно тло за шверц на дрога и тоа е благодарение на нарко картелот Заеви кои што за жал е на власт но набрзо ќе падне и повторно потенцираме дека ВМРО – ДПМНЕ остро ќе се спротистави и нема да дозволи да помине овој закон“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски