(Видео) Арсовски: Дали пратеничката Тања Ковачев ги вработила сопругот, сестрата, зетот и золвата

Од:

Епидемијата од непотизам од најтежок вид ја има зафатено фамилијата на пратеничката Тања Ковачев од СДСМ, обвини на прес-конференција порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Мислиме дека на овој случај може дури да позавиди и Мира Дизел Стојчевска, дури и да биде љубоморна. Се работи за работни места со многу високи плати, многу повисоки од просечната плата која што ја добиваат граѓаните во Република Македонија“, рече Артсовски.

Тој праша дали сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Дејан Ковачев без соодветно образование е вработен во АД Аеродромски услуги- Аеродроми на Македонија, а сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа. Опозицијата бара одговор дали зетот за сестра, Бобан Јакимовски е вработен во Водовод и канализација Скопје. а Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката е поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев мажот на Тања Ковачев.

„Ако е сево ова точно тогаш во епидемијата на непотизам имаме и прв случај на вработена золва, покрај сите случаи на вработени мајки, синови, ќерки, сестри, браќа, свекрви, сопрузи, баби, дедовци и фризерки на високи функционери на СДСМ, меѓутоа да не им се мешаме и да не им навлегуваме во семејните релации и работи. Да нaпоменам дека дел од овие информации кои ги презентиравме ги добиваме од граѓаните па и членови кои што се крајно разочарани од оваа крими-непотистичка власт на деспотот Зоран Заев. Секој ден добиваме писма и пораки од разочарани граѓани од оваа власт која што ја претвори државата во приватна фирма за вдомување функционерски роднини на грбот и на сметка на граѓаните кои плаќаат даноци“, рече Арсовски.

Опозицијата праша зарем во државата нема други невработени коишто треба да се вработат.

„Како тоа токму нивните роднини се или единствени кои конкурирале или се најдобрите кандидати очекуваме се уште да кажат функционерите на СДСМ“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски