(ВИДЕО) Арсовски: Дали Фросина Ременски учествувала во смислувањето на проекти на Боки 13?

Од:

„Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана. На ден 22 јуни 2017-тата година Фросина Ременски, беше промовирана како почесен претседател на Меѓународниот сојуз. На истата таа промоција истата Фросина Ременски рече, цитирам: „Јас ќе ја искористам максимално функцијата во лобирање и влијание итн“.

Прашањето на кое не одговори денес Фросина Ременски е следното:

За што ја искористила својата функција Фросина Ременски изминативе две години како потпретседател на Собрание на Република Македонија и потпретседател на СДСМ, а во насока на влијание и лобирање за потребите на „Меѓународен сојуз“?

За што влијаела и за што лобирала онаму каде што можела?

Гледаме дека стратегиите и проектите на Боки 13 со сите инволвирани во Меѓународниот сојуз биле со единствена намера да рекетираат“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Фросина Ременски учествувала во смислувањето на тие проекти за рекет на Боки 13?

Пари во меѓународниот сојуз има милиони, резултати и проекти нема. Парите извадени од сметка, нормално. Дали тоа се парите за кои влијаела максимално и лобирала Фросина Ременски и каде завршиле истите пари дадени од бизнисмените најверојатно како „Рекет“?

Изминативе две години логично е да се поднесени две завршни сметки за работата на Меѓународниот сојуз, за 2017 и 2018-тата година.

Дали Фросина Ременски не знае и не учествувала во финансиските извештаи каде што е почесен претседател, за што и како се потрошени извадени парите, дадени од бизнисмените на „Меѓународен сојуз“? Просто невозможно и неверојатно да не знае и да не е запознаена.

Фросина Ременски дента кога ја прогласија за почесен претседател, призна дека има долгогодишна координација и комуникација со Боки 13 за проекти и стратегии и за натамошно функционирање, притоа потенцирајќи дека таа ќе се ангажира и ќе влијае и ќе лобира онаму каде што може.

Очигледно е дека целата фарса од истрагата за случајот „Рекет“ е единствено целиот случај да се развлече и на крај нормално да се забошоти, да остане таков како што е во моментов.

Очигледно дека единствена обврска на Вилма Русковска е да се заштити криминалот на врвот на СДСМ и Заев, инволвирани во случајот „Рекет“, а целиот случај да се сведе само на Боки 13, за кој целата држава знае дека не може и не е способен сам да го направи целиот овој рекет сам.

Одговорност ќе има за сите, веднаш откако ќе падне оваа криминално-рекетарска власт на СДСМ. Веднаш потоа ќе следи обнова на Македонија и ќе нема повеќе место во политиката за вакви криминалци од највисок ранг“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски