(ВИДЕО) Арсовски: Целата јавност слушна, само обвинителството е глуво за рекетот врз бизнисмени од страна на братот на премиерот, Вице Заев

Од:

„Јавното обвинителство е во спрега со власта на Зоран Заев и тоа е јасно како ден за секој еден граѓанин.

Поминаа неколку дена од јавно признание на бизнисменот Киро Тошевски, кој на национален медиум на гостување самиот потврди дека бил предмет на рекетирање од страна на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев кој е добро познат на јавноста како главниот бизнисмен на фамилијата кои голем дел од државните тендери ги има под своја капа.

Во најмала рака Јавното обвинителство требаше да отвори случај и да го истражи по допрен глас, да ги истражи сите индиции за рекетирање на бизнисмени и тоа во случај кога рекетарот кој се споменува јавно на телевизија од страна на жртвата е братот на премиерот на државата, и веднаш да ги расчисти сите сомнежи за рекет на фамилијата Заеви“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното признание кое што беше посочено од страна на бизнисменот Тошевски во петокот говори дека тој лично бил цел на закани, уцени и навреди од страна на братот на премиерот, Вице Заев се со цел да му се обезвредни атрактивен имот и истиот да биде купен по багателна цена. Посочено беше дека бил повикуван на разговори во еден струмички угостителски објект, а дополнително бил контактиран и од самиот Зоран Заев.

Бизнисменот говори дека со административни постапки во општина Гази Баба, кај што градоначалник е од редовите на СДСМ му бил континуирано обезвреднуван имотот со крајна цел тој да заврши во рацете на фамилијата Заеви, всушност и не можеме да очекуваме нешто друго од нив.

Повторно, огромен скандал за рекетирање, се обидуваат да го заташкаат на секој можен начин.

Според тврдењата за кои требаше да чуе и обвинителството, вмешани биле сите и Заеви и Муареми и Кирацовски и Катица Јанева и Боки 13, ама изгледа целата јавност слушна, само обвинителството е глуво за можниот скандал и криминал на власта.

Затоа прашуваме кога ќе се отвори истрага за овој случај и кога ќе се расчистат сите сомнежи во врска со овој случај?

Еве зошто Заев не сака независно обвинителство и независен правосуден систем.

Но, сакал или нејќел Зоран Заев, после 12 април, сите сомнежи и индиции за криминал ќе бидат расчистени и правдата ќе дојде на свое место“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски