(ВИДЕО) Арсовски: Цела недела молк за испумпаните 21 милион евра

Од:

„Молк од страна на институциите веќе точно една недела за сомнежот за над 21 милион евра кои преку тендери се испумпани кај семејството Заеви.

Агенцијата за обезбедување од Струмица блиска до Заеви преку државните институции и универзалниот снабдувач за електрична енергија има испумпано над 21 милион евра за само 2 години, што е незамисливо за една таква работа или услуга која што ја нуди“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, затоа пак многу нормално е сите останати институции кои што треба да ги штитат интересите и парите на граѓаните да молчат и да го игнорираат ова цела недела.

Ниту обвинителството, ниту антикорупциската, ниту пак било кој истражен или регулаторен орган нема отворено ниту еден случај за ова енормно испумпување на народните пари.

Граѓаните тонат во сиромаштија, државната каса е празна, економската политика за справување со корона пандемија е уште пострашна, единствено семејството Заеви имаат огромни профити и тоа на грбот на граѓаните од страна на државните фирми.

Наместо да се реализираат проекти и да се работи на капитални инвестиции кои ќе го подобрат животот на граѓаните кој веќе подолго време е во апатија, парите на граѓаните завршуваат во џебот на Заеви.

Повикуваме уште еднаш, Јавно обвинителство, Антикорупциска комисија, регулаторните тела, истражни органи да прекинат да бидат соучесници и да ги истражат овие сериозни сомнежи на криминал.

Доволно е криминал, доволно е народот да живее во сиромаштија“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”