(ВИДЕО) Арсовски: Антикорупциска со мислењето за судијата поротник Митко Сандев покажа дека е партиска испостава на власта

Од:

„На самиот ден кога ја поднесов претставката и барањето за утврдување на судир на интереси кај судијата поротник Митко Сандев до Антикорупциска комисија, напоменав дека веќе очекуваме и знаеме каков ќе биде исходот, но сепак доставивме до институцијата барање за да може да си го обели образот, односно нема образ бидејќи се однесува како партиска испостава на власта.

Одговорот, односно мислењето на Антикорупциска денеска стигна, каде што наведуваат дека нема судир на интереси кај Митко Сандев во неговата функција.

Зошто поднесовме барање и претставка да се утврди судир на интереси, затоа што во Партијата на пензионери, Митко Сандев е член на статутарната комисија, а Партијата на пензионери е во коалиција со СДСМ и со власта“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е доволен показател дека тој не може да одлучува непристрасно, дотолку повеќе што ова штуро мислење на Антикорупциска комисија се наведуваат два членови. Тоа се член 42 дека може да биде избран судија поротник секој полнолетен државјанин кој има најмалку средно образование, говори македонски и не е постар од 60 години и вториот член 43, став 1 дека при изборот на судии и судии поротници не смее да се врши дискриминација во однос на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло.

Морам да напоменам дека оваа Антикорупциска комисија, нејзините членови покажа и докажа дека се подготвени да си дадат оставки бидејќи тие се само една испостава на власта и одлучуваат онака како што ќе им биде кажано од нивните ментори.

Член 52, став 6, од Законот за судии јасно кажува дека судија поротник не може да биде избран доколку е политички определен, односно не смее да биде политички определен. Така да и повеќе од јасно зошто е вакво мислењето и одлуката на Антикорупциска.

Тие се подготвени да си дадат оставки, бидејќи не одлучуваат согласно законот, туку согласно нарачките кои им ги праќаат од горе, како што и самите велат ќе чекаат мислење од горе.

Она кое можам да го потенцирам е дека во Република Македонија не важат законите. Денешното мислење на антикорупциската е доволен показател за истото и доволен показател дека и понатака продолжува теророт врз ВМРО-ДПМНЕ. Односно оној политички прогон кој се врши врз ВМРО-ДПМНЕ, во случајот „Талир“ каде овој судија поротник е именуван, а треба да му биде прекината функцијата, е замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нам не ни останува ништо друго освен да ја бараме правдата на суд, односно да поднесеме кривични пријави за господинот Иван Џолев кој е претседател на Кривичниот суд и за Митко Сандев кој е судија поротник“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ