(ВИДЕО) Арсовски: 280.000 евра за кампања за спречување корупција – нов скандалозен тендер

Од:

„Вчера објавив еден тендер оглас јавна набавка како и да ја наречеме, кој го огласија во Владата, 300.000 евра со ддв, за маркетинг услуги за успешна вакцинација од Ковид19 . Овој тендер де факто ќе биде за испумпување на народните пари преку маркетинг услуги, а вклучително и за плаќање на изборната кампања за локални избори на политичката СДСМ која што е на влас и го огласува овој тендер преку Владата.

Денес ќе објавиме нов тендер кој го пушти Владата на Заев во исто време со овој претходниот, тоа е набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за спречување корупција“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Љупчо Николовски откако почна да брои чаши вода на министрите, сега веќе ќе прави заедно со Заев кампања во вредност од 14.436.865 денари или 240.000 евра без ддв, односно над 280.000 евра со ДДВ.

Замислете тендер за маркетинг услуги за кампања за спречување на корупција во вредност од над 280.000 евра. Па самиот тендер е сомнеж за сериозна корупција.

Предвиделе ставка од Владата во овој тендер во вредност од 1.407.200 денари без ДДВ, подготовка и реализација на медија план, закуп на медиумски простор на сите канали освен приватните радиодифузери на територијата на Македонија. Каков грабеж луѓе.

Најпрвин не смее Владата да се рекламира во медиумите. Тоа е прво и основно и е нивна владина одлука од 2017 година . Потоа, закуп на медиумски простор на сите канали – кои канали? На каналите под македонската радио телевизија владата секако се огласува и емитува бесплатно доколку е кампања од јавен интерес како што ги водат и овие двете камапњи кои што тежат над 600.000 евра.

Ова не е ништо повеќе, од класичен грабеж на државните и народните пари и плаќање кампања на СДСМ за локалните избори од државни пари.

Вчера споменав, денес повторно ќе споменам, веќе се зборува кои агенции блиски до СДСМ ќе ги земат овие тендери. Практично истите тие ќе им работат и во кампања.

Значи, два тендери во Владата во исто време во вредност од околу 600.000 евра за две кампањи. Народот нема леб да јаде, СДСМ троши 600.000 евра за кампањи кои што верувајте од сега се промашени. Ниту владата ќе прекине со корупцијата која што на ангро ја прави ниту пак Филипче ќе организира успешна и масовна вакцинација.

Апелираме уште еднаш, да се прекине со овие тендери кои се грабеж на македонскиот народ и македонската држава и тоа да се прекине уште веднаш“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик