(ВИДЕО) Апостолски: Не ги добивме сите докази, судот ја одложи оценката на обвинението

Од:

Адвокатот на обвинетиот поранешен директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски, рече дека судот го одложил рочиштето за оценка на обвинението за 27 април бидејќи не ги добиле сите докази кои мора да ги имаат во согласност со правото на одбрана.

Судот им дозволил да направат увид во доказите, по што повторно ќе биде одржано рочиште за оценка на обвинението.

Во врска со недозволувањето на новинарите да бидат присутни на рочиштето, Апостолски рече дека тие побарале од судот седницата да биде јавна, но судот го одбил барањето, со образложение дека јавноста е предвидена само за судењата, а не и за оценката на обвинението.

„Сметам дека сите судења треба да бидат јавни, особено бидејќи станува збор за сериозен настан”, рече Апостолски.

Во судот претпладнево дојдоа обвинетите и нивните адвокати. Според теоријата на обвинителството, обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанааовски, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.

Обвинетите, како што наведе Обвинителството, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, првин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во парламентот на 27 април 2017 година.

Организаторите ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во парламентот, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи извршители на насилство.

Во седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, двајца од обвинетите постојано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Извршителите на нападот се неправосилно осудени на вкупна казна затвор од над 200 години.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески