(ВИДЕО) Апасиев до Ковачевски: Вие сте недоквакани, вие сте искубана кокошка која загуби 17:2 од бугарската дипломатија

Од:

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, укажа дека тој и пратеникот Борислав Крмов нема да учествуваат во материјална расправа за измена на Уставот затоа што е беспредметна и излишна.

„Ова ќе биде единствено излагање по предлогот, бидејќи материјална расправа е безвредна. Вие премиере направивте сметка без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Се што денеска ние зборуваме е обична козметика знаејќи дека влегуваме во лузерски процес.

Вие навикнавте, па сакате и нас, македонскиот народ да не научите на порази. Изгубивте 17:2 во овој процес. Независни германски експерти велат дека ова е чудо за бугарската дипломатија. Или што велат антимакедонските кругови во Софија, ова е смрт на македонизмот. Применуваат врз вас салама тактика. Ве сецкаат на парчиња. Или Италијаните имаат една изрека: ‘Кокошка се кубе пердув по пердув’. Дипломатски кажано, жаргонски, вие сте искубана кокошка во споредба со византиската грчка дипломатија или бугарската дипломатија“, рече Апасиев.

Порача дека во Македонија има Бугари колку да ги собере на концерт на групата „Рибја чорба“.

Тој им посочи дека немаат гаранции дека во процесот нема да има нови вета.

„Историјата влезе како дел од преговарачката рамка. Наместо да преговараме за копенхашки критериуми, ние ќе преговараме каков бил Цар Самоил, каков бил Гоце Делчев, какво било Илинденското востание. И што е најтрагично, не обезбедивте државнички гаранции дека ќе нема нови вета. И тоа не само од Бугарија која има 35 пати да ни стави вето. Ќе ни стават и други земји. Вие сте недоветни да водите дипломатија и тоа треба да си го прифатите. Или ќе ни стават други земји, ќе ни стави Холандија која латентно е исламофобично и цело време за Западен Балкан става вета. Немате такви гаранции“, додаде Апасиев.-

„Вие немате право да се нарекувате Социјалдемократски сојуз на Македонија. „М“-то станува СДС-Михајловистичка. Вие сте предводници на неоврховизмот заедно со бализмот во Владата. Вие не вративте век и пол назад, кога брат со брат се убивал, единот се пишувал Србин, другиот Бугарин, третиот не знам што. Бугарски тајни служби ве работат, вие занемувате пред нив“, додаде Апасиев.

Зборуваше дека ова сѐ ќе има и правни последици за кои никој не сака да зборува.

„Ова не е само така. Ние немаме граѓански концепт на држава, туку етнички концепт, заостанат примитивен концепт. Ние сме поделени на етнички групи. Тие етнички групи имаат колективни права, за разлика од Бугарија кога немаат“, посочи Апасиев.

Ги праша пратениците, колку пати треба да се голта пред ЕУ, а со оглед дека имало низа промени кои се направени во Уставот, склучени договори, компромиси – но не и членство.

„Одродени сте. Вие сте недоквакани да водите политика. Немате политичка мудрост. Удавете се во септичката јама во која нѐ доведовте“, им порача Апасеив на пратениците од владејачкото мнозинство.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Горан Наумовски

Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица

Апасиев: Македонска платформа за да запрат уценувањата на албанското малцинство при формирањето влада

Горан Наумовски

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата