(ВИДЕО) Антовски:СДСМ врши предизборен поткуп на гласачи со полнење на РЕК Битола со партиски вработени

Од:

СДСМ врши масовна партизација и предизборен поткуп на гласачи со полнење на РЕК Битола со партиски вработени, истакна на прес-конференција Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, на 14 декември, на само 20-тина дена пред техничка влада, Заев распишал оглас за вработување на 194 лица во РЕК Битола.

„Додека беа опозиција тврдеа дека имаме преполна администрација, за сега самите да трупаат партиски војници на позиции каде што се бара стручност и компетентност. Мотивите на власта не се ништо друго туку предизборен поткуп, доказ за тоа е и Стратегијата за развој на енергетиката за периодот од 2020-2040, со која се предвидува престанок на работата на РЕК Битола до 2025 година, која оваа власт ја предвидува“, посочи претставникот на опозициската партија.

Антовски запраша зошто доколку власта планира да ја затвори РЕК Битола распишува нови огласи и заглавува нови луѓе.

„Грубата партизација е доказ дека оваа власт нема план за развој, туку за пропаст на државата“, констатира тој и додаде дека енергетиката со СДСМ само пропаѓа, но рече и дека тоа ќе се смени по 12-ти април.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ