ВИДЕО: Антисемитизмот се уште не е поразен, потребен е активизам и конфронтирање со него

Од:

Холокаустот останува општо мерило за најголемото можно зло од темнината на човековата душа. Антисемитизмот се уште не е поразен и затоа потребен е активизам и конфронтирање со него, и да изградиме општетство кое ги почитува сигурноста, безбедноста на сите свои граѓани. На овој начин навистина ќе им одадеме почит на душите кои не се веќе меѓу нас.

Ова беше истакнато на свечената церемионија на отворање на постојаната поставка во Музејот на Холокаусот, а по повод сеќавањето на 7.144 македонски Евреи жртви на холокаусот кои на денешен ден пред 76 години беа присилно собрани во просториите на тогашниот Монопол и испратени во логорот на смртта Треблинка.

Рабинот Ендру Бејкер истакна дека сведоците на овие криминални дела во 1943 година, неколкуте преживеани деца, сите тие речиси веќе не се со нас и во таа смисла наша одговорност и света обврска е да се сеќаваме на нив, но и на сите жртви на нацистичката убиствена машинерија. Тој се осврна и на оние кои, како што рече, сакаат да го негираат холокаустот и велат дека неговите бројки се претерани или други кои се со намера да ја извитоперат вистината за тоа што се случи.

-Нашето сеќавање не е само да одадеме почит на оваа свеченост туку и да биде повик за претпазливост и активизам во лицето на постојниот антисемитизам во Европа и насекаде заедно со растот на популитичките и ревизионистичките струи кои што се закануваат сите да не избришат… Имајќи го предвид тоа Република Северна Македонија е место на надеж. Навидум еден невозможен проблем беше решен со храброста на премиерот Заев и неговиот грчки колега кој ги смири националистичките страсти и ја отвори конечно портатта за иднина во НАТО и ЕУ, вели рабинот Бејкер.

Извршниот потпретседател и главен извршен директор на Светскиот еврејски конгрес Роберт Сингер во своето обраќање меѓу другото се наврати на неуспехот на бугарското граѓанско општество кои рече ги спасило своите Евреи, но не и еврејската заедница во Македонија.

-Ме радува фактот што Бугарија конечно се соочи со својата трагична историја и што ја препознава својата одговорност за уништувањето на Евреите во двете зони на окупацијата и ограбувањето, рече Сингер посочувајќи ги македонските закони како модел во однос на враќање на имотите на Евреите кои настрадаа во холокаустот и изразувајќи благодарност и поддршка за македонската држава.

Премиерот Зоран Заев истакна дека денеска кога се одбележуваат 76 години од депортацијата на македомските Евреи во нацистичките логори на смрта посочи дека холокаустот не е само една темна страница од Втората светска војна, туку и предупредување за сите нас од сите вери за сите времиња.

-Но, чувствувам и длабок гнев за антиземитизмот во светот што уште не е поразен. На антисемитизмот мора да му ја спротивставиме сета моќ на демократскиот свет и во секоја земја. Омразата мораме да ја соочиме со пораз, да ја поразиме пред таа да ја порази демократијата. Мојата порака секогаш ќе биде Република Северна Македонија е дом на сите граѓани без исклучок. Историјата на холокаустот е лекција која не учи да ја сочуваме човеноста, да не се случи никогаш, да се препуштиме на рамнодушноста за да не го загубиме достоинството. Нашата должност е да не молчиме и да не заборавиме, рече Заев.

Според претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ постојаната поставка сместена во Музејот на холокаустот е заеднички дом на сеќавањата на македонските Евреи кои беа однесени во логорите на смртта во Треблинка, храм на светлината на човековата душа.

-Македонскиот и еврејскиот народ се мали по број, но истрајни, заедно доживувајќи ја неповтортливата големина на своето минато, страдајќи илјадници години заедно, но никогаш не ја изгубиле својата национална свест и својот дух. Заедничкиот живот создава историја на почит и на разбирање. Целта е да се информира, прибележи долговечноста на историјата на Евреите на Балканот, особено на овие простори. Нашата кула на сеќавањата продолжува со концептуалниот развој на настани од периодот на холокаустот. Светлината ќе ги заслепи најмрачните страници од историјата на 20. век во Европа, вели Романо Николиќ.

Пред многубројните високи гости, личности од јавниот живот и дипломатскиот кор свое обраќање имаше и министерот за Ерусалим и за животна средина на Израел Зеев Елкин, а беа прочитани и поздравни писма од премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и од Кнесетот.

Во постојаната постановка во Музејот на холокаустот, која денеска беше отворена, почесно место ќе заземе и Тората стара над 500 години, која сефардските Евреи ја донеле со нив на нивниот егзодус од Шпанија во Македонија. Тората е книга која ја раскажува приказната за историјата на Евреите и се смета за закон и основа на нивната севкупна етика.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска