(ВИДЕО) Анкета: Боемската улица е супер идеја

Од:

Жителите на Центар, но и жители на Скопје и на други градови се задоволни од реализираното ветување, Центар да оформи посебна Боемска улица, каде ќе се чува и негува посебниот скопски шарм.

На отварањето на Боемската улица не го криеја задоволството.

„Ова е супер идеја, браво за општина Центар. Добро е да се почне од некаде. Ова може само Жерновски да го смисли и реализира. Оваа улица беше руинирана, делува убава и ќе си ја најде намената. Боемот е човек кој ужива во добрата храна, друштво и вино“, велат граѓаните.

„Во име на сите боеми ја прогласувам улицата за отворена и посакувам убави моменти“, рече на отворањето градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Граѓаните сугерираат и нови фасади на околните куќи.

Жерновски ветува дека фасадите на боемската улица ќе добијат нов изглед.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски