(ВИДЕО) Ангелов: Штетата од протестите не може да се спореди со штетата што ја направи ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Дали штетата од неколку стотини евра, колку што чини штетата на канцеларијата можеме да ја израмниме со штетата од неколкуте милијарди евра кои ги украде најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, прашува претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– Иронично и крајно неморално е кога партијата чие највисоко раководство е аболицирано за тешки кривични дела ги нарекува луѓето кои што протестираа против овие криминалци хулигани. Луѓето кои што синоќа протестираа меѓу кои бев и јас беа се, но не беа хулигани. Груевски, хулиганите барајте ги меѓу вас и вашето најтесно раководство, рече Ангелов.

Тој вели дека немало потреба од насилство бидејќи полицијата ја започна интервенцијата на крајот на протестот, кога палењето и кршењето веќе беше заврешно.

– Немаше потреба полицајците да ги прогонуваат луѓето кои што беа на протест низ центарот на градот, полицијата приведе луѓе кои воопшто не беа насилни и не учествуваа на демолирањето. Ги повикувам полицајците нивниот гнев да го насочат на вистинското место, а тоа е раководството на ВМРО-ДПМНЕ, таму се вистинските криминалци кои ја опљачкаа нашата држава. Луѓето кои што протестираат се обични мирни луѓе кои дошле да го искажат својот гнев од срамот кој што го приреди оваа влада и на крај нелигитимниот претседател Ѓорге Иванов, вели Ангелов.

Претседателот на Достоинство истакна дека на протестот немаше повредени полицајци, но за жал, беа повредени повеќе демонстранти.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот над селото Николич близу Дојран се шири кон Општина Валандово

Горан Наумовски

12 пожари низ Македонија, четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати

Горан Наумовски

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати

(ВИДЕО) Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип

Горан Наумовски

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов