(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на планината Серта не е под контрола

Од:

Исклучително тешкиот терен, Ветерот кој што честопати денеска го смени правецот како и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарот на планината Серта, објави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Од рано наутро гасневме со еден полициски хеликоптер и со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна и со два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, но и покрај тоа за жал, огнот повторно гори. Војската е активна на терен со 103 војници кои учествуваат во гаснењето на пожарот како и 30 припадници на МВР, кои даваат голем допринос на локалните пожарникари и локалното население,“ изјави Ангелов.

Тој додаде дека контролата врз пожарот не очекува да биде воспоставена денеска, гаснењето ќе продолжи додека има видливост на текот на денот, а утре повторно ќе се продолжи со гаснење со воздухопловна поддршка.

Попладнево реагираа од опозициската СДСМ. Велат дека поради ненавремената реакција на властите изгореле 1000 хектари зеленило.

– Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот. Заради слабата координација и немарност, изгореа преку 1000 хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со предизвиците. Цели два дена доцнеше механизација и прогалсувањето на кризна состојба. Откако СДСМ вчера вечер алармираше, дури по три часа Владата се смогна да прогласи кризна состојба. Навремена и соодветна реакција ќе спасеше значителна површина на зеленило и немаше да се доведат во опсност викенд населбата Калањево. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека со лажен ПР и постојани вести нема да ја покријат неспособноста на терен, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он