(ВИДЕО) Ангелов: Повторно се разгоре пожарот во Мариово, не чека тешка ноќ

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва извести дека пожарот помеѓу прилепските села Крушевица и Чаниште повторно се разгоре.

– Огнот којшто опустоши дел од селото Чаниште иако беше совладан, за жал некаде околу пладне повторно се разгоре. Линијата на огнот сега е широка 20 километри. На лице место се прилепските пожарникари со поддршка на повеќе тимови на ДЗС. Не чека тешка ноќ, изјави Ангелов.

Пожарот во подрачјето на Старо Нагоричани е ставен под контрола, додека кај селото Слеп останале само помали остатоци од огнената стихија.

Во однос на штетите во Чаниште, Ангелов појасни дека куќите што изгореле во текот на ноќта биле одамна напуштени. Според него, нема изгорено ниту еден дом во кој во моментот живееле жители.

Десетината жители на селото, кои беа евакуирани поради опасноста од пожарот, веќе се вратиле во своите домови откако поминала најголемата опасност.

Сепак, не е исклучена можноста меѓу објектите да има и куќа што сопствениците ја користеле како викендичка или во која престојувале повремено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он