Стојанче Ангелов беше пречекан пред МРТ од припадници на полицијата кои беа на десетина метри пред влезот на јавниот сервис.
Меѓу полицајците тој препозна негов колега и другар од 2001 година, кој се поздрави но и веднаш се тргна настрана.
-Се бореше со пушка за државата, а сега се плаши да каже збор. И не е крив, затоа што за неговиот главен шеф, за Горде, министерот за внатрешни работи тој е будалетинка и една од многуте будалетинки со кои таа се потсмеваше. Но тој не е будалетинка, тој е со високо образование, натпросечно интелегентен и исклучително храбар, и прашање на време е кога ќе застане зад мене, а тој ден ќе дојде многу бргу, рече Ангелов.