ВИДЕО: Ангелов и бранителите во МРТВ побараа објективно информирање

Од:

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов и бранители денеска беа во МРТВ и од уредниците на информативната прогрмаа побараа јавниот сервис да известува објективно и за сите настани кои се во интерес на граѓаните на Македонија.

-Дојдовме во МРТВ за да го известиме главниот и одговорен уредник дека покренавме граѓанска иницијатива за распишување референдум на национално ниво. Со оглед дека упорно ги игнорираат нашите прес конференции, сакаме да ги запознаеме со нашата активност.

Нас МРТВ не не покривала ниту порано, но ова со граганската иницијатива е страшно, тие се должни да не покриваат. Овие четири прашања се од интинерес за сите македонските граѓани, рече Стојанче Ангелов.

Според него во неколку наврати досега јавниот сервис и кога ги снимал ги спинувал или сечел нивните изјави со што се добивал сосема поинаков контекст.

-Ние на 7 мај му честитавме на претседателот Ѓорѓе Иванов што ги одликуваше бранителите, но ние Иванов и го критикувавме, а на МТВ беше прикажан само делот дека му честитаме, а делот дека доцни 3 години со ваквиот потег не беше пуштен. Во неколку слачи ми беа барани изјави од МТВ кои потоа беа спинувани само за да прикажат распад на Сојузот за иднината. Тие вадеа реченици за да прикажат дека Сојузот за иднина се распаѓа, рече Ангелов.


Со него беа и бранителите Богослав Лескаровски и Ацо Стојановски кои изразија негодување поради необјективноста и цензурата на јавниот сервис.

-Јас сум редове плаќач на таксата за јавниот сервис и сакам да знам што се случува со референдумот. Барам МТВ како јавен сервис да известува беа никакви коментари и дополнителни анализи, рече Лескаровски.

Анеголов рече дека доколку продолжи ваквата пракса најави дека Достоинство ќе упати јавен повик за непослушнст за плаќање на сметките.

-Ние немаме ништо против вработените кои се професионалци, ние одговорноста ја лоцираме кај менаџментот и главните и одговорни уредници, посочи престедателот на Достоинство.

По разговорот со уредништвото на МТВ, на Ангелов му било кажано дека досега не ги покривале поради технички причини, односно недостаток на камери и екипи, но и дека во иднина овој проблем ќе се решел.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски