(ВИДЕО) Ангелов: Албанците се наша реалност, мора да научиме да живееме со нив

Од:

Делегација на партијата Достоинство денес положи цвеќе на споменикот на македонските бранители во „Жена парк“, при што претседателот Стојанче Ангелов во изјава за медиумите кажа дека тие како Достоинство сметаат дека војната од 2001. не ѝ беше потребна на Македонија.

– Ние, како Македонци, мораме да сфатиме дека Албанците се наша реалност и мораме да научиме да живееме со нив. Непријателства треба да ги памтиме, но треба да се поминирме, рече Ангелов.

Тој кажа дека ја поддржува продлабочената употреба на албанскиот јазик во институциите од новиот закон за јазици, но дека е против пренагласената употреба на албнскиот јазик од друга страна.

– Употребата на полициските униформи, на униформите на лекарите, на пожарникарите сметаме дека е во спротивност на Уставот, рече Ангелов.

Според него, било кој кога ќе види полицаец може да го прознае и истакна дека на полициските униформи зборот полиција бил напишан и на англиски јазик.

Ангелов се осврна и побара од Владата да се зафати со организација на попис, кога за тоа ќе бидат создадени услови.

– Мораме да направиме попис за да се преброиме за да тргнеме напред, а не за процентите на население да создаваат поделби меѓу македонски граѓани, рече Стојанче Ангелов од Достоинство.

На новинарско прашање Ангелов истакна дека се пробиени рамките на Охридскиот рамковен договор, но дека тоа била реалноста во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Ангелов и Максути: Располагаме со три ертрактори подготвени за дејствување во случај на големи пожари

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Ангелов: Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза

ВИДЕО: Ангелов нуди бесплатна обука за деца над 16 години да ракуваат со пиштол, ама сами да си ги платат куршумите

Ландов