(ВИДЕО) Ангелевска: Заев бега од дебата со Мицкоски зашто нема објаснување за капитулантскиот договор

Од:

„Денес сме во посета на општина Долнени во рамки на акцијата „Лето за Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме со жителите на оваа општина и од она што можевме да го чуеме од граѓаните совршено ни е јасно зошто Зоран Заев не сака да излезе на јавни дебати и на ТВ дуел.

Состојбата во државата е катастрофална, а тоа го потврди и поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски“, рече Силвана Ангелевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев не сака да излезе на ТВ дебата со нашиот лидер Христијан Мицкоски заради тоа што на народот треба да му објасни зошто сака да го промени името на државата, идентитетот, културата, историјата на нашата земја.

На овие граѓани овде им беше ветен живот, а од животот овде нема ништо. Состојбата е катастрофална, овој народ овде се занимава со земјоделие. Ветувано им беше многу, ветено им беше дека ќе има откуп на нивните земјоделски производи, но од тоа нема ништо. Ветувано им бе дека откупувачите овде ќе се тепаат, меѓутоа и од тоа нема ништо.

Зоран Заев треба да му објасни на овој народ зошто го менува името, идентитетот и историјата на овој народ.

ВМРО-ДПМНЕ е против овој капитулантски договор кој е потпишан со нашиот јужен сосед затоа што се менува историјата, се менуваат нашите корени. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ им апелираме на граѓаните да се водат од сопствените чувства, да се водат од сопственото срце и на 30 септември да го искажат својот став онака како што мислат по свое сопствено убедување“, изјави Силвана Ангелевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ