(ВИДЕО) Андреевски: Непотизам на дело, таткото и синот Мицкоски преку Машински Факултет наплатиле илјадници евра од ЕЛЕМ

Од:

Во вторникот до СДСМ бил доставен материјал, во кој како што е наведено од професор на машинскиот факултет, на кој се гледа дека доцент Мицковски и неговиот татко професор Мицкоски покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ, изјави денеска претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.

-На самиот крај од кампањата за парламентарните избори 2020, сакаме да ја информираме јавноста за две теми кои се поврзани директно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече тој.

-Секако тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицковски – клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ, додава Андреевски.

Вели дека додека сите функционери на СДСМ го ставаат на увид секој потрошен денар, транспарентно и отчетно, Мицкоски секоја вечер зборувал за идна проверка на имот на политичари.

– Е ама тој нема анкетен лист, нема доставено ниту до јавноста, ниту до антикорупциска. Нема јавно достапни информации за кои е нормално да има за лидер на опозиција, што има од имот овде во републиката и надвор од неа, тој и неговото семејство. Колку и како заработувал во минатото и денес? Затоа на 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте да се вратат злоупотребите од Груевски, Мицкоски и нивните фамилии, додаде Андреевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност