(ВИДЕО) Андреевски: Мерките на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат развој на енергетиката и пониски сметки

Од:

„Во изборната програма 2016 на СДСМ главен столб беше да вратиме повеќе парите кај граѓаните.

Тоа во изминативе две години го правиме постојано и на различни начини.

Веќе е реализирана мерката за враќање на евтината тарифа за елелектрична енергија која беше укината во 2012 година, а преку која денес се враќаат околу 15 милиони евра кај граѓаните“, рече Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

„Денес, со мерката за намалувањето на ДДВ од 18 на 5% исто така се одвојуваат одредени средства, повторно кај граѓаните.

За просечен стан чија сметка изнесувала 2.000 денари трошокот за парно ќе се намали за:

· 1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ,

· 3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и

· 3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба.

Во наредниот месец, пред почетокот на грејната сезона ќе следат дополнителни мерки кои ќе ги реализираме, заедно со Владата на Република Северна Македонија за повеќе пари назад кај граѓаните, а вооедно и ќе придонесеме за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и да обезбедуваме повеќе пари кон граѓаните“, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ