(ВИДЕО) Андреа: Имам гнев за сите неправди што не можам да го извадам од себе

Од:

Трансродовото лице Андреа од Тетово, вечерва, на отворена сцена во антивладиниот камп ја раскажа својата животна приказна, дискриминирачкиот однос на судовите, социјалните служби и другите надлежни институции.

Андреа има две деца кои судот и’ забранува да ги види веќе 5 години.

– Поранешниот министер за труд и социјала, Спиро Ристовски, самиот си се стави во улога на врховен судија и напиша забрана дека јас немам право на своите деца. Секој ден измислуваа причини да ме стават во затвор. Тука нема никаква правда. Судство, социјала, здравство – се’ од нула треба да се смени. И денеска ме повикаа во судот затоа што сум предизвикала општа опасност. Со што? Како? Ова е невиден терор. Има деца што незнаат што е чоколадо, не знаат што е мобилен телефон. Имам гнев за сите неправди, што не можам да го извадам од себе, рече Андреа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп