(ВИДЕО) Андоновски: За 5 месеци на Гинекологија починале 61 новородено бебе

Од:

За само пет месеци на Гинеколошко-акушерската клиника починале 61 новородено бебе односно 30 отсто од вкупниот број на новороденчиња. Ова е нов, неславен рекорд за Македонија каде во последните неколку години ваквките црни статистики се во пораст.

Алармот беше вклучен минатата година кога во периодот од јануари до октомври починале вкупно 206 бебиња. И покрај ваквата ситуација надлежните државни институции се уште не преземаат ништо во врска со намалување на бројките на смртност кај новороденчињата за кои најверојатно не е запознаена Светската здравствена организација.

-Фрапантни се моменталните бројки за починатите бебиња заклучно до 4 мај оваа година. Таа бројка изнесува 61 умрено бебе. Процентот на смртност кај бебињата ја надминува и ланската бројка која што беше катастрофална. Во март оваа година, бројките стигаат до 33 бебчиња кои се умрени после одреден период по раѓањето, вели Андоновски за А1он.

Тој смета дека доста време се алармирало за целата ситуација, како треба да биде конципирана и средена, но сепак, како што вели Андоновски, недоволниот кадар, партизацијата во самиот сектор и самото одделение довело до тоа бројките да станат катастрофални.

Во 2010 година, Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за безбедно мајчинство за периодот 2010-2015 чие спроведување требаше да резултира во подобрување на здрава и безбедна бременост како и значително намалување на смртноста на доенчињата. Исто така со стратегијата требаше да се обезбеди еднаков и ефикасен пристап до здравствените услуги и градење на капацитетите на обучениот кадар, но, по завршувањето на Стратегијата, не само што не се подобрија условите, туку и се влошија со поразителна статистика за смртност на доенчињата.

-Ваквите програми се изрекламирани, според нив треба да се работи за заштитата на мајките и децата, но сето тоа во Македонија не се одвива, а тоа се должи на лошиот менаџмент кој што во моментов работи во државата, вели Андоновски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Анита Петровска Рајковиќ

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК

Меџити ќе проверува каков лекарски третман имала родилката која се обиде да се убие на Гинекологија

Орце Костов