(ВИДЕО) Андоновски: Три години Заев лаже за датумот, со него нема европска иднина

Од:

„Заев вети – Заев излажа. Три години празни ветувања дека сме го добиле датумот и дека отпочнуваме преговори со Европската унија, три години разочарувања за граѓаните. Уште пред три години, Заев вети дека ќе си поднесе оставка доколку не почнеме преговори со ЕУ. Поминаа три полни години од сликата во авионот со која Заев не убедуваше дека веќе преговараме со ЕУ“, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес се случи она за што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот за преговори со Европската унија е недостижен додека е Заев на власт.

За жал Македонија останува и пред портите на ЕУ, и национално понижена.

Има и две лоши тенденции. Едната е дека Заев крие што предлагал за македонскиот јазик и историја додека коленичел во Софија. Никој не знае кое е новото национално понижување на кое тој е подготвен да се согласи. Заев на овој начин трајно ги минира позициите на Македонија.

И второто е што никој во македонската дипломатија не лобира за Македонија.

Македонија овие денови требаше да има претставници во европските метрополи. Да бараат поддршка од сите европски лидери. Затоа што ние имаме европски пријатели, но со нив никој не комуницира. Но, европска поддршка за владина корупција не постои и не може да се бара.

Заради Заев довербата на граѓаните во политиката е на историскиот минимум. И доколку Заев не е подготвен за оставка – граѓаните се подготвени да му го покажат излезот.

Време е за промени.

Нашата иднина е економски развиена држава членка на Европската Унија и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да лобира Македонија да го добие своето заслужено место помеѓу партнерите од Европската унија. Наша обврска е да се избориме заслужено преку реформи и стандарди да бидеме земја членка на ЕУ. Но, тоа да го направиме како македонци од Македонија кои зборуваат македонски јазик. Без загрозување на виталните национални интереси.

Македонија за сите луѓе, а не само за претставниците на власта“, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик