(ВИДЕО) Андоновски: Директорот на Агенцијата за Странски инвестиции барал 10% од вредностa од грантот да бидат уплатени на неговата невладина организација

Од:

„СДСМ не ги пустоши само парите на македонските граѓани, туку подеднакво алчно се однесува и кон парите на европските даночни обврзници кои треба да бидат наменети за развој на образованието.

Скандалот со распределбата на финансиските средства на Европската унија се проширува и во други институции.

Конкретно, постојат индиции за спрега помеѓу директорот на Агенцијата за Странски инвестиции и Промоција на развојот (Invest in Macedonia) Г-дин Арбен Вила и Директорката на Националната агенција Г-ѓа Лидија Димова во доделувањето на средства за одредени проекти“, рече Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сомнежи за нас отвора фактот што г-дин Арбен Вила кон крајот на 2018 година, преку електронска пошта, контактирал училишта од Република Македонија и им нудел посредување при добивање грантови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за 10 проценти провизија.

До нас пристигна email кореспонденција т.е. пораки кои Директорот на оваа државна институција ги праќа до поголем број на училишта во Р. Македонија. Во истите тие тој се претставува како експерт за акцијата КА2 во делот 229 кој има контакти со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Во пораката која Г-дин Вила ја испраќа до училиштата ја наведува јасно неговата тарифа од 10% од вкупната вредност на доделениот грант. Овој износ треба да биде уплатен на сметката на негова Невладина организација од Тетово.

Цитирам: Следи договор помеѓу Balkans Mobility Network и вашето школо каде што во случај на секој добиен проект од нашата страна Balkans Mobility Network добива 10% од целокупниот буџет од вашиот тотален буџет. Тие средства ќе бидат префрлани на сметка на Balkans Mobility Network после потпишување на договорот со Национална Агенција и добивање на вашите 80% од средствата после 7 дена (10% провизија).

Во електронската кореспонденција, се советува и училиштето како да се надминат законските пречки од јавната набавка. Цитирам: „Што се однесува на делот на тендерот и целокупните средства, школото ќе биде орган што ќе избира најповолна понуда за менаџирање на тие средства но секако треба да се имаат предвид и 10 % од целокупниот буџет што мене ми следуваат според договорот.

Немаме информација колку училишта наседнале на овој тип притисоци и барања за исплаќање на суми, но имајќи предвид дека се работи за милионски средства, но и високата позиција на г-динот Арбен Вила денес, можеме само да претпоставуваме.

Прашуваме:

-Дали директорката на НА, г-ѓа Лидија Димова и г-дин Арбен Вила неколку пати имале средби во просториите на НА?

-Дали овие средби служеле за договарање на листите на грантисти на кои треба да им бидат поделени средства, а каде посредник е г-дин Вила?

Го прашуваме и Јавното обвинителство и ДКСК, дали во овие случаи не гледаат тргување со влијание заради противправно стекнување на корист во рамки на европските фондови, или пак коруптивност во однесувањето на владините функционери“, прашува Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање