(ВИДЕО) Андоновски: Агенцијата за европски образовни програми и мобилност и во време на епидемија работи незаконски

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати изминатата година обелодени дека има незаконитости во работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е надлежна за распределба на фондовите на Европската унија во областа на образованието, мобилноста, како и невладиниот сектор – познати под името Еразмус+.

Предупредувавме за сомнителни тендери од стотици илјади евра за саморекламирање на Агенцијата, доделување средства на едни исти организации, исплати кон лица блиски на СДСМ и директорката Лидија Димова, како и бројни други нерегуларности.

Во време на криза, забележливо е дека Агенцијата повторно има незаконитости во работењето. Имено, директорката Димова пуленот на Заев од Шарената револуција навреме не поднела завршна годишна сметка до Централниот регистар. Со тоа, Димова не го испочитувала законски утврдениот рок за доставување на годишна сметка и финансиски извештај кој истекува во месец март. До минатата недела, институцијата се водеше како неактивна и може да уследи бришење од регистарот“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„До нас, но и до сите државни институции викендов пристигнаа информации за огромни незаконитости и сомнително финансиско работење на

Националната агенција. Затоа, јавно ја прашуваме Лидија Димова:

Дали годишната сметка не е поднесена во законски определениот рок затоа што од благајната на Агенцијата недостасуваат десетици илјади евра кои не може да се оправдаат? Дали постои Изјава дека лице блиско на Лидија Димова лично и неосновано ги зело парите од службената благајна, но за тоа сеуште нема никаква постапка во ниедна институција?

Дали Димова исплаќала експерти, нејзини блиски соработници и активисти на СДСМ, кои воопшто не се појавувале на настаните организирани од Националната агенција?

Дали Димова набавила возила во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби? Дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во доцните ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?

ВМРО-ДПМНЕ опоменуваше и за илјадниците евра кои биле префрлани на едни исти организации, на спорни тендери и на луѓе блиски до СДСМ. Алармиравме и за над 100.000 евра исплаќани на агенции за промоција, без одржување на тендер во четири очи. Информиравме за недозволени консултанти кои наплаќаа провизија, како и за вработувања на блиски лица до директорката Лидија Димова и Зоран Заев, како и од нејзината поранешна невладина организација. За жал, досега за ниеден од овие наводи нема одговор од ниедна од надлежните институции.

Граѓаните, во ова време на криза, заслужуваат одговори за недомаќинското и сомнително трошење на нивните пари и парите на граѓаните на Европската унија. Апелираме до сите институции, без одлагање да започнат постапки и да ја расветлат ситуацијата во Националната агенција, која наместо за пример стана срам во нашето интегрирање кон Европската унија.

Бараме итна оставка од Лидија Димова!“, рече Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ